Голем ремонт е најавен во тимот на Реал Мадрид. Шпанските медиуми наведуваат дека Карло Анчелоти решил да продаде дури седум играчи за да собере пари за нови трансфери.
Реал сака на лето да ги доведе Килијан Мбапе од ПСЖ, Пол Погба од Манчестер Јунајтед и Антонио Рудигер од Челси, а за тоа ќе му бидат потребни околу 300 милиони евра.
Тоа се само пари за отштета, а дополнително ќе треба да се плаќаат и плати, па Флорентино Перез донесе одлука да продаде дури седум играчи. На листата се Герет Бејл, Марсело, Иско, Лука Јовиќ, Маријано Дијаз, Дани Себаљос и Хесус Ваљехо.
Само доколку се ослободат од платите на овие фудбалери Реал Мадрид ќе заврши одлична работа. Бејл заработува 28 милиони евра годишно, Марсело 16,5 милиони, а Иско еден милион помалку од Бразилецот.
Лука Јовиќ има годишна плата 10 милиони евра, Маријано девет, Себаљос седум, а Ваљехо шест милиони евра.
На сето ова треба да се додаде Еден Азар кој исто така ќе мора да бара нов клуб. Заработува околу 30 милиони евра годишно, па кога ќе се соберат платите кои би биле отпишани и обештетувањето што би стигнало за тие играчи, Реал пресмета дека може да достигне сума од 300 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах













