
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе го зголеми своето кредитно задолжување кај JP Morgan и Bank of America за дополнителни 275 милиони евра за да ги доврши градежните работи на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“.
Реал со првичниот износ, договорен во 2019 година, се задолжи 575 милиони евра, а кредитот сега достигна вкупно 800 милиони евра со камата под два отсто.
Парите ќе му овозможат на мадридскиот клуб да изгради најмодерен хибриден терен, кој ќе може да се спушта под земјата, во своевиден стакленик длабок 24 метри.
Целта на архитектонското решение е теренот да може да се користи за повеќе намени со цел да се остварат допoлнителни приходи, без притоа да се оштетува тревнатата површина.
Претседателот Флорентино Перез изјави пред клупското собрание дека тоа е единствено решение кое го пронашол клубот за да се зачува теренот, а стадионот да може да се трансформира од фудбалско место во целогодишен центар на настани и атракции.
„Стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде архитектонско чудо и меѓународен авангарден симбол, кој ќе стане едно од најатрактивните места во Мадрид и Европа“, порача Перез.
Се очекува проектот да ги зголеми приходите на клубот само од изнајмување од сегашните 150 на 400 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
