
Раководството на Реал Мадрид размислува да испрати понуда во висина од 100 милиони фунти за да се обиде да го ангажира добитникот на „Златната топка“, Родри од Манчестер Сити, пишуваат медиумите на Островот. Новиот тренер на „кралскиот клуб“ го определил доведувањето на дефанзивен играч за врска како еден од главните приоритети во летниот трансфер период.
Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата со Родри, а последните неколку недели се споменуваат неколку имиња како потенцијални засилувања за таа позиција – меѓу нив беше и Анџело Штилер од Штутгарт. Пред неколку дена се појавија и информации за несогласувања меѓу тренерот Чаби Алонсо и управата на клубот, која му порачала дека ќе издвојат поголема сума само за играч од светска класа.
Во потврда на тоа сега се појавија информации дека Реал подготвува импресивна понуда за Родри со цел да го привлече и играчот, но и да го натера Манчестер Сити да размисли за евентуална продажба.
Шпанскиот репрезентативец пропушти голем дел од минатата сезона поради тешка повреда на коленото, здобиена при натпреварот против Арсенал во септември (2-2). Се врати на теренот на Светското клупско првенство, каде одигра еден натпревар како стартер и уште на три влезе од клупа, но „граѓаните“ беа елиминирани од Ал-Хилал во четвртфиналето.
Родри и претходно беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но му остануваат уште две години од договорот со Манчестер Сити, кој истекува во 2027 година. Доколку не го продолжи договорот, следното лето би влегол во последната година, што би довело до значително намалување на неговата цена.
Во меѓувреме, Реал Мадрид веќе сериозно ја освежи својата одбрана со доведувањето на Дин Хујсен, Трент Александер-Арнолд и Алваро Карерас.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
