Connect with us

Реал Мадрид ја доби битката за Чуамени

Фудбалерот за врска на Монако, Аурелиен Чуамени, ќе биде второто засилување за Реал Мадрид ова лето. Тој утре и дефинитивно ќе биде претставен како ново засилување откако „кралевите“ се договорија со Монако да платат отштета од 80 милиони евра.


Чуамени доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе потпише договор до 2027 година.

Младиот фудбалер кој е веќе репрезентативец на Франција, имаше понуди и од ПСЖ и од Ливерпул, но на крајот се одлучи за Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови