Connect with us

Реал Мадрид и Баер Леверкузен прават голема зделка: Чаби Алонсо доаѓа во Мадрид, а Алваро Арбелоа и Нико Паз во Германија

Реал Мадрид и Баер Леверкузен може да направат размена на тренери летово. Изгледа речиси сигурно дека Карло Анчелоти ќе си замине од „кралскиот клуб“ на крајот од сезоната, а фаворит за негов наследник е Чаби Алонсо.


Германскиот клуб е свесен дека многу веројатно ќе треба да бара нов тренер и веќе се насочил кон Алваро Арбелоа, кој моментно го води тимот до 19 години на Реал Мадрид.

Поранешниот десен бек веќе има желба да се соочи со нов предизвик како тренер на сениорски тим.

Исто така, „фармацевтите“ покажуваат интерес за офанзивниот играч за врска на Комо, Нико Паз.

Реал може да го откупи Аргентинецот за 8 милиони евра и да го вклучи во договорот за Чаби Алонсо. На тој начин, клубот од „Сантијаго Бернабеу“ би платил пониска откупна клаузула за баскискиот стручњак.

Како наследници на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен се споменуваат уште и Ерик тен Хаг, Цеск Фабрегас и Чави Хернандез.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови