Тео Хернандез е на излезна врата од Милан. Најновите информации од Италија говорат дека левиот бек е подготвен да ја прифати понудата од саудискиот Ал-Хилал, каде што неодамна за нов тренер беше назначен Симоне Инзаги.
Иако првично категорично го одбиваше преминот во Саудиска Арабија, Французинот ја сменил својата позиција и сега сериозно ја разгледува понудата. Очекувањата се дека конечната одлука ќе биде донесена во следните неколку дена.
Тео Хернандез пристигна во Милан во 2019 година од Реал Мадрид и досега запиша 262 настапи во сите конкуренции со дресот на „росонерите“. Но, преговорите за продолжување на соработката пропаднаа, а италијанскиот гигант сака да го продаде играчот сега, за да не остане без обештетување следното лето, кога му истекува договорот.
Ал-Хилал понуди 30 милиони евра плус дополнителни 5 милиони како бонуси – понуда која во целост го задоволува Милан. Сега останува да се види дали Тео Хернандез и конечно ќе даде „зелено светло“ за трансфер на Блискиот Исток.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Партизан го смени тренерот Срѓан Благојевиќ













