
Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) планира да му ја довери селекторската позиција на младинската репрезентација до 21 година на легендарниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко, објави „Марка“.
Оваа позиција ќе се ослободи во септември, кога актуелниот предводник Санти Дениа ќе замине во Катар, каде што ќе го преземе тимот на Ал-Шаханија. Дениа зад себе има богато тренерско досие – со младинските селекции на Шпанија освои титули на Европските првенства до 17 и до 19 години, како и златен медал на Олимписките игри во Париз минатото лето.
Младата репрезентација на Шпанија беше елиминирана во четвртфиналето на последното Европско првенство во Словачка од актуелниот првак Англија, а сега федерацијата гледа кон иднината со надеж дека Раул ќе донесе нова енергија и визија.
Раул до неодамна го водеше вториот тим на Реал Мадрид – Кастилја, но ја напушти функцијата со амбиција да направи чекор напред во тренерската кариера. Доколку ја прифати понудата, тој ќе го предводи тимот во новиот квалификациски циклус што води кон Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Претходно, репрезентацијата ќе учествува и на Европското првенство кое ќе се одржи во Албанија и Србија во 2027 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Евро-фудбал
Раул ќе биде нов селектор на Шпанија У21?

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед тргнува по потписот на Нкунку

Евро-фудбал
Тео Хернандез прави трансфер во Ал-Хилал

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
