Најголемите европски клубови, со исклучок на Баерн Минхен и на Пари Сен Жермен, ќе формираат Европска Суперлига од 12 учесници, која од „ДАЗН“ ќе добие колач од неверојатни 3,5 милијарди евра за ТВ права. Вечерва, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем, треба и официјално да ја претстават новормираната лига на богатите клубови.
Но, тоа веднаш придонесе и за реакција од УЕФА, заедно со националните федерации и лигите каде настапуваат овие клубови, со најави за суспензија на клубовите и на фудбалерите. Имаат поддршка и од ФИФА, па забрана би добиле фудбалерите да не играат и на Европско првенство и на Светско првенство.
УЕФА најави реформирање на актуелната Лига на шампиони од 2024 година.
„Што е многу, многу е…“, се вели на крајот од соопштението на УЕФА, ФИФА и шесте национални федерации кои се засегнати со одвојувањето на богатите клубови. Интересно е дека германските и француските клубови одбиле да учествуваат во Европската Суперлига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













