Connect with us

Ралф Рангник е најблиску до клупата на Баерн Минхен

Селекторот на Австрија, Ралф Рангник, е новиот фаворит за тренер на Баерн Минхен, тврдат германските медиуми. Стратегот ќе го преземе тимот по завршувањето на ЕВРО 2024 доколку ја прифати понудата на раководството на Баварците.


Можно е оваа недела двете страни да постигнат договор. Директорот на Берн, Макс Еберл, во текот на викендот изјави дека потрагата по нов тренер е во завршна фаза.

Баварците бараат тренер кој ќе го замени Томас Тухел од новата сезона. Шефовите на германскиот гигант го сакаа Чаби Алонсо, а потоа и Џулијан Нагелсман, но и двајцата одбија.

Сега фаворит за функцијата е 65-годишниот Рангник. Разговорите меѓу двете страни започнаа пред околу еден месец.

Рангник е во одлични релации со спортскиот директор на клубот, Кристоф Фројнд, уште од периодот во Салцбург. Ангажманот на селекторот на Австрија го поддржува и Карл-Хајнц Румениге.

Ралф Роберто Де Зерби е другата опција за Баерн Минхен. Сепак, за Италијанецот мора да се плати откупна клаузула од околу 14 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови