Работнички забележа пораз од 2-1 од српскиот шампион Црвена Звезда на третиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија. Тоа беше вистински европски тест за избраниците на Жикица Тасевски, а Работнички иако загуби, се претстави во квалитетно издание.
Баже Илијоски можеше да обезбеди предност од пенал, но голманот на Црвена Звезда го одбрани неговиот удар од белата точка. Одлична шанса имаше и Петар Петковски, но остана нереализирана. Сепак, Работнички поведе со голот на Дејан Блажевски во 41.минута.
Црвена Звезда израмни две минути подоцна. Вукановиќ со удар со глава постигна погодок за нерешен резултат на полувремето.
Српскиот првак во 55. минута дојде до комплетен пресврт. Ебисилио беше стрелец на вториот гол за „црвено-белите“ на овој меч.
Работнички го стартуваше натпреварот со следниот состав: Божиновски, Силјановски, Димитровски, Вјачки, Херера, Петровиќ, Пеев, Кабрал, Петковски, Илијоски, Блажевски.
Претходно, Работнички на подготовките во Анталија го совлада Сабуртало со 2-1 и загуби од Поханг Стилерс (0-2) на зимските подготовки.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski