
Македонскиот прволигаш Работнички ги заврши подготовките во Хрватска со денешниот четврти натпревар на „Медулин куп 2025“. Тимот го освои четвртото место на турнирот, откако во дуелот за третото место загуби на пенали (4-5) од црногорскиот Бокељ од Котор, по нерешени 0-0 во регуларниот дел.
Работнички ги започна подготовките со пораз од српскиот Прва Искра Бариќ (1-2), потоа ремизираше 2-2 против американскиот Шарлот, а потоа славеше со 2-1 против Младост ДГ, пред денешното реми со Бокељ.
По враќањето во Македонија, тимот ќе го одигра последниот подготвителен натпревар против Кожуф в недела, пред продолжението на сезоната во Првата македонска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
