Македонскиот прволигаш Работнички го доведе и второто засилување во зимскиот преоден рок. По Бугаринот Николај Дилгеров, во редовите на „романтичарите“ пристигнува и бразилскиот напаѓач Аусерио. 25-годишниот офанзивен фудбалер игра на централната напаѓачка позиција, но исто така може добро да се снајде и по крилните позиции. Тој доаѓа од бразилскиот клуб Гремио Еспортиво Анаполис, а има интернационално искуство и од Бахреин.
Тренерот Жикица Тасевски и раководството на клубот одлучија да направат одредени промени во тимот, досега од Дебар Маало заминаа шест фудбалери, меѓу кои и капитенот Остоја Стјепановиќ. Најавите се дека ќе пристигнат уште неколку нови засилувања до првата прозивка и стартот на зимските подготовки, која е закажана за 8 јануари.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski