
Работнички со нов шеф на стручниот штаб и неколку нови засилувања, успеа да се реконструира во текот на репрезентативната пауза. Турскиот стратег Алпарслан Ердем е сега на кормилото, менувајќи го Бојан Маркоски, кој ја почна сезоната со „романтичарите“.
Раководството на клубот реагираше и околу играчкиот кадар, доведе две сериозни засилувања, Демир Имери од Шкупи и младинскиот репрезентативец Димитар Трајков, кој пристигна на позајмица од украинскиот тим Полисја. Тука е и Белул Елмазоски како трето дополнување за офанзивниот дел, па Работнички освежен и подзасилен ќе се обиде да стави крај на максималниот ефект на Силекс.
По првите четири кола, кратовци имаат максимални 12 бода и денеска ќе го пречекаат Работнички на домашен терен во Кратово.
„Силекс е квалитетен тим, и секако не е лесно да се игра во Кратово. Но, ние работевме добро во овој изминат период, имаме нов тренер и неколку нови фудбалери и ќе се обидеме да стигнеме до позитивен резултат“, порачува офанзивецот на Работнички, Кристоџеј Далеј.
Работнички одигра три натпревари досега во Прва МФЛ, со оглед дека дуелот со Шкендија е одложен за некој дополнителен термин, а освои еден бод и сѐ уште е без постигнат гол во шампионатот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
