
Работнички во шестото коло успеа да стигне до првата победа оваа сезона, совладувајќи го Пелистер на домашен терен со 3-0. Вардар немаше проблеми да стигне до триумф од 1-4 на гости против Арсими, пред дуелот со “романтичарите” претстојниот викенд.
Пелистер се закани во петтата минута, но Василев успеа да одбрани, а десет минути подоцна Флоријан Кадриу го погоди дирекот шутирајќи откосо од десната страна.
Во 31.минута, Работнички дојде во водство од 1-0. Демир Имери одлично го проигра Флоријан Кадриу, кој излезе сам пред Јовчевски и рутински го совлада.
Пред крајот на првото полувреме домаќинот ја удвои предноста.
Одлична тимска акција на Работнички која на фантастичен начин ја заврши Димитар Трајков, со својот прв погодок во дресот на “романтичарите” за 2-0.
Во вториот дел, Работнички имаше потполна контрола на резултатот, а Пелистер се обиде да стори нешто повеќе, но без успех.
Во 75.минута, Флоријан Кадриу ги расчисти сите дилеми, со својот втор погодок, за конечни 3-0.
Вардар ја покажа својата супериорност во шестото коло од Првата лига, славејќи убедливо на гостувањето во Гостивар против Арсими со резултат со 1-4.
Натпреварот започна бурно. Во деветтата минута, по еденa високa топкa во шеснаесетникот на Арсими, настана конфузија меѓу домашната одбрана – Дардишта несмасно го погоди соиграчот Дрлевиќ, топката се врати пред голот, а најснаодлив беше Роџерс Мато кој без проблем погоди за 0-1.
Притисокот на гостите резултираше со нов гол во 28. минута. По удар од далечина на Бабунски, топката заврши во корнер. По изведувањето, Матиќ највисоко скокна и со прецизен удар со глава зголеми на 0-2.
Во 35. минута Роџерс Мато погоди и за 0-3. Во 47. минута, брзоногиот напаѓач стигна и до хет-трик.
Во 57. минута, Најдовски фаулираше, а по преглед на ВАР судијата досуди пенал и му покажа црвен картон на дефанзивецот на Вардар. Шефити ја презеде одговорноста, но шутираше крај дирекот и ја промаши најголемата можност за домаќините.
Сепак, во 72. минута Арсими успеа да го намали резултатот. Рамадани изведе одличен слободен удар, топката допре еден играч од ѕидот и го измами голманот Талевски за конечни 1-4.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
