Српскиот стратег Ратко Достаниќ е нов шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој денеска постигна договор со раководството на клубот да го преземе тимот до крајот на оваа сезона, со опција соработката да продолжи за уште една дополнителна година.
Претседателот Драган Поповски изразува задоволство што Работнички успеа да доведе искусен и квалитетен стручњак за вториот дел од шампионатот на Македонија.
„Ратко Достаниќ е врвно тренерско име на поранешните југословенски простори и среќни сме што ќе го имаме во нашите редови. Се надеваме дека неговото непроценливо искуство, тренерскиот квалитет и напорната работа ќе донесат и многу подобри резултати за Работнички во периодот што следи. Не очекуваат големи предизвици во пролетниот дел од првенството и веруваме дека Ратко Достаниќ е вистинското решение за тренерската клупа“, вели претседателот Драган Поповски за официјалниот сајт на клубот.
Ратко Достаниќ е среќен што повторно ќе има можност да работи во Македонија.
„Работнички е голем клуб, голема чест ми е што добив понуда да го преземам тимот. Ова е голем предизвик за мене и можност повторно да работам во Македонија. Добро сум запознат со квалитетот на составот, апсолутно не е соодветствува со актуелниот пласман на табелата и ќе се трудиме тоа брзо да го подобриме. Со напорна работа и добра клупска стратегија верувам дека Работнички брзо ќе се врати на позициите што му припаѓаат“, изјави Ратко Достаниќ.
Српскиот стратег има огромно искуство, во кариерата бил тренер на многу клубови од Србија, Бугарија, Грција, Кина, Грузија, Тунис, а во 2008 година работеше и во Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













