Фудбалерите на Јувентус им ја вратија насмевката на своите навивачи. По повеќе од еден месец без триумф во Серија А, „старата дама“ конечно стигна до победа, и тоа во момент кога клубот минува низ тренерска транзиција. По разделбата со Игор Тудор, вечерва тимот го предводеше Масимо Брамбиља – и дебито не можеше да му биде подобро.
Во дуелот од деветтото коло против Удинезе, Јуве одигра сигурно и убедливо, славејќи со 3-1. Почетокот беше идеален – Душан Влаховиќ уште во петтата минута реализираше пенал за 1-0. Гостите успеаја да се вратат преку Заниоло, кој израмни во самиот финиш на првото полувреме, но тоа беше сè што можеа да направат. Во вториот дел Гати повторно му донесе предност на торинскиот гигант, а младиот Кеман Јилдиз со гол од пенал во судиското надополнување стави печат на победата – прва по долга пауза и важна за враќање на самодовербата.
Победнички вечер имаше и Рома, која на „Олимпико“ славеше со 2-1 против Парма. По мирно прво полувреме, Хермосо по додавање на Дибала го отвори резултатот, а Довбик брзо зголеми на 2-0. Гостите успеаја само да го ублажат поразот преку Алесандро Чиркати, кој ги постави конечните 2-1.
До нови три бода стигна и тимот на Комо, кој со убедливи 3-1 ја совлада Верона и продолжи со солидните настапи во Серија А.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













