
Одделението за лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија во рамки на програмата за поддршка и обука на клубовите во процесот на лиценцирање за добивање лиценца за УЕФА натпреварувањата, како и натпреварувањата од националниот шампионат (Прва МФЛ, Втора МФЛ и Прва ЖМФЛ) одржа тродневна работилница (13-15.02.2024.) во „Куќа на фудбалот“.

На оваа работилница учество земаа лицата кои се овластени од своите клубови за процесот на лиценцирање, како и генералните секретари на клубовите кои во сезона 2024/25 ќе се натпреваруваат во натпреварувањата на УЕФА и натпреварите од Националниот шампионат.

Програмата опфати презентација на сите шест критериуми од правилникот за лиценцирање, со посебен осврт на новата платформа која ќе се користи во процесот на лиценцирање – „МyComet.”
Горанчо Костовски – лиценцен менаџер во ФФМ
– Процесот на лиценцирање на фудбалските клубови кои учествуваат во натпреварувањата на УЕФА вклучува строги критериуми кои се однесуваат на финансиските, инфраструкотурни, персоналните и спортските аспекти. Клубовите мора да покажат усогласеност со прописите на УЕФА и матичните федерации, да се придржуваат до стандардите во врска со условите на стадионите и да ги исполнуваат барањата за раководење и администрација. Процесот секоја година е многу поригорозен, но гарантира дека добро управуваните клубови со соодветни капацитети можат да го одржуваат интегритетот и квалитетот на соодветното натпреварување. Како Фудбалска федерација на Македонија правиме се што е во наша надлежност да го олепсниме процесот на подготовка на клубовите за нивно учество во УЕФА натпреварувањата и се разбира, да ги исполнат бараните услови за учество и во домашниот шампионат“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
