
Пари Сен Жермен и понатаму води преговори со Ница за доаѓањето на Кристоф Галтие за нов тренер, а новиот спортски директор Луис Кампос направи „црна листа“ од десет фудбалери кои летово ќе го напуштат Париз.
Прв тоа го направи Булка, кој ја засили Ница, а потоа и Ареола во Вест Хем, но се најавуваат и заминувања на Тило Керер, Абдул Дијало, Серхио Рико, Идриса Геј и Арно Калименду.
Од позвучните имиња, на листата се Мауро Икарди, Леандро Паредес и Андер Ерера, додека клубот би размислил и за секоја сериозна понуда за Нејмар.
Многу поинтересно е кого ќе купи ПСЖ ова лето. Првата цел е Милан Шкриниар, но преговорите со Интер се уште не се завршени бидејќи Интер сака повеќе од 60 милиони евра, колку што понуди ПСЖ, во пакет и со Џулијан Дракслер.
„Нероаѕурите“ би се согласиле на 70 милиони евра без Дракслер, знаејќи дека парите не се проблем во „градот на светлината“. Јасно е дека ова ќе биде лето на важни промени во Пари Сен Жермен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
