Connect with us

ПСЖ побара 250 милиони евра од Реал Мадрид за Килијан Мбапе

Сагата со Килијан Мбапе и (не)продолжувањето на договорот со Сен Жермен продолжува. Францускиот првак сака да го продаде до крајот на летниот преоден рок, надевајќи се дека ќе успее да извлече финансиска добивка бидејќи следното лето би заминал бесплатно.


ПСЖ побара од Реал Мадрид отштета од 250 милиони евра за Мбапе, тврди „Марка“. Францускиот клуб очигледно прифати дека ќе го загуби Мбапе и конечно ја одреди оваа цена за неговиот трансфер.

Пред неколку дена ПСЖ ја прифати понудата на Ал-Хилал за Мбапе вредна 300 милиони евра, но самиот играч нема желба да замине во Саудиска Арабија. Се чини дека трансферот во Реал Мадрид е најдобрата опција за сите страни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови