Connect with us

ПСЖ остана без Дезире Дуе во наредните неколку недели

Дезире Дуе повторно се повреди за време на ремито 1-1 против Лориен во француската Лига 1. Младиот фудбалер на Пари Сен Жермен беше изнесен од теренот на носилки по нешто повеќе од еден час игра, откако падна со болка во десниот бутен мускул.
Сцената во која го напушташе стадионот со патерици ја вознемири целата екипа на ПСЖ.

Според информациите на „Л’Екип“, 20-годишниот офанзивец има скинати мускулни влакна и ќе биде надвор од терените најмалку неколку недели.

Ова е нов удар за тренерот Луис Енрике, кој веќе подолго време се соочува со серија повреди во својот тим. Причината, според француските медиуми, може да биде заморот и преголемото оптоварување по исклучително долгиот циклус од сезоната 2024/25, кој заврши дури со финалето на Светското клупско првенство.

Повредата на Дуе доаѓа во момент кога тој конечно влезе во форма и покажа значителен напредок по опоравувањето од претходната повреда на листот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови