
ПСЖ работи напорно на ангажманот на дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар. Францускиот првак даде втора, зголемена понуда вредна 60 милиони евра. Понудата вклучува и одредени бонуси.
Интер веќе одби 50 милиони евра од Париз за репрезентативецот на Словачка. „Нероаѕурите“ инсистираат да добијат меѓу 70 и 80 милиони евра за централниот дефанзивец, кој минатата сезона запиша вкупно 48 натпревари и четири гола во сите натпреварувања.
Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, призна дека клубот поверојатно ќе го продаде Шкриниар отколку Лаутаро Мартинез.
„Полесно е да се најде замена за централен дефанзивец бидејќи напаѓачите се многу скапи. Бараме различни опции за нов дефанзивец доколку продадеме некој од нашите“, изјави Марота.
Цел на „нероаѕурите“ е Бразилецот Бремер од Торино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal