
Францускиот гигант Пари Сен Жермен отпочнал разговори со Зинедин Зидан и му го понудил тренерското место на „светците“ доколку Маурисио Покетино одлучи веднаш да го раскине договорот и да се пресели на клупата на Манчестер Јунајтед. Англискиот премиерлигаш се раздели со Оле Гунар Солскјер, а прва желба на раководството на „црвените ѓаволи“ е токму Покетино.
Аргентинскиот стратег неофицијално трпи жесток притисок во ПСЖ, челниците бараат од него да ја освои Лигата на шампионите, и тој би се вратил назад во Премиер – лигата. Секако, „Олд Трафорд“ е локација од соништата за многу светски стратези и Покетино не сака да ја испушти оваа можност, иако во ПСЖ речиси и да има на располагање „дрим – тим“.
Зинедин Зидан донесе три европски круни за Реал Мадрид во Лигата на шампионите и сигурно е посакуван лик на „Паркот на принцовите“. Тој знае како се освојува трофејот во елитното европско клупско натпреварување.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
