Фудбалерите на Пари Сен Жермен доживеаја елиминација во полуфиналето од Лигата на шампионите откако забележаа пораз (2-0) од Манчестер Сити и на „Итихад“. Тие не успеаја да ги исконтролираат и емоциите во текот на мечот, беше исклучен Анхел Ди Марија, а тврдат дека судијата Бјорн Кујперс скандалозно се однесувал на теренот.
„Судијата му рече на Паредес да се е*е. Тоа некој од нас да му го кажеше на него, ќе добиеше три или четири меча суспензија“, изјави Андер Херера.
Ова го потврди и Марко Верати.
„Судијата двапати ми рече „оди е*и се“, ова е скандалозно“, изјави Италијанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Интернационалци
Давид Тошевски со дебитантски гол за Дендер во Белгија (ВИДЕО)













