
Холандскиот гигант ПСВ Ајндховен сака да го врати Мемфис Депај во своите редови. 28-годишниот напаѓач како тинејџер играше на „Филипс арена“, на почетокот на кариерата од 2011 до 2015 година. Сега Холанѓаните се подготвени да го вратат на лето, пренесува „Voetbal Primeur“.
Депај беше доведен минатото лето во Барселона како слободен играч и големо засилување. Сепак, тој не успеа да се наметне кај новиот тренер Чави Хернандез кој во меѓувреме ангажираше уште тројца напаѓачи, Пјер-Емерик Обамејанг, Феран Торес и Адама Траоре.
Депај досега има 24 настапи и девет гола во сите натпреварувања, но нема да биде изненадување доколку играчот побара трансфер на лето.
Од “Камп Ноу”, исто така, имаат тенденција да се разделат со Депај. Тоа секако ќе биде профитабилен трансфер со оглед дека го добие бесплатно.
Но, и ПСВ има жестока конкуренција за потписот на Депај. Неколку други европски клубови ја следат ситуацијата, вклучувајќи ги Јувентус, Наполи и Пари Сен Жермен. Постои можност Депај да се врати и во Лион.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ардон Јашари потпишува за Милан

Прва лига
Брера се засили со Босанецот Макиќ

Интернационалци
Игор Ангеловски ќе биде тренер на Приштина?
