Connect with us

Прва победа за Баер Леверкузен: Новиот тренер Хјулманд и со деветмина го победи Ајнтрахт (ВИДЕО)

Баер Леверкузен стигна до првата победа оваа сезона во Бундес-лигата, совладувајќи го Ајнтрахт Франкфурт со 3-1, иако мечот го заврши со деветмина фудбалери. Тоа е и триумф за новиот тренер Каспер Хјулманд на дебито.

„Фармацевтите“ ја завршија работата уште во првиот дел, кога Алехандро Грималдо и Патрик Шик погодија за сигурно водство од 2-0. Но, во второто полувреме работите се закомпликуваа – Роберт Андрих беше исклучен, па гостите добија шанса да се вратат во игра. Узун во 52. минута намали на 2-1, што донесе неизвесност во продолжението од дуелот.

И покрај притисокот на Ајнтрахт Франкфурт, Баер Леверкузен успеа да ја сочува предноста и во самиот финиш повторно преку Грималдо стави точка на дуелот – 3-1. Тој постигна прекрасен гол од слободен удар.


Натпреварот заврши со уште едно исклучување за домаќините, откако Езекиел Фернандез доби втор жолт картон и Баер Леверкузен го доигра мечот со деветмина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови