Connect with us

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција вмешан во секс-скандал

Претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел ле Грает, е вмешан во спектакуларен секс скандал. 80-годишниот Ле Грает е обвинет за сексуално вознемирување од неколку вработени жени, открива францускиот „So Foot“.


Дотичните вработени како доказ ги презентираале пораките што им ги испратил Ле Грает. Сепак, тие претпочитаат да останат анонимни во оваа фаза.

„Дојди кај мене дома на вечера“, „Преферирам плавуши, па ако си подготвена…“, „Би те ставил во мојот кревет“. Шефот со вакви пораки се обидел да ги заведе своите вработени жени, кои воопшто не се чувствувале удобно со овој факт.

„Тој скока на се што се движи“, вели друг поранешен вработен во Француската фудбалска федерација.

Повеќето од вработените кои биле малтретирани од Ле Грает не издржаа и ја напуштија федерацијата.

Ле Грает е на чело на Француската фудбалска федерација од 2011 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови