
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, вечерва бил нападнат од неколку маскирани лица при излегување од ресторанот „Балканика“ во Скопје.
Веднаш по инцидентот, Сејдини, кој не е посериозно повреден, се упатил во полициска станица Карпош, каде го пријавил нападот давајќи официјална изјава.
Од МВР го потврдија нападот на претседателот на ФФМ.
„На 27.09.2024 околу 18.40 часот М.С. (55) од Кичево, пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите, по што се оддалечиле. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот“.
Неофицијално од МВР веќе ги прегледуваат безбедносните камери и се во потрага по напаѓачите кои веднаш по инцидентот избегале кон реката Вардар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal