
Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, призна дека клубот е во преговори со Ралф Рангник да стане нов тренер на Баварците. Се очекува тој да го замени Томас Тухел кој си заминува на крајот од сезоната.
Рангник моментално е селектор на Австрија и ќе ја предводи селекцијата на претстојното Европско првенство.
„Водиме одлични разговори со Ралф, но мора да почекаме уште неколку дена. Тој е одличен стратег на фудбалската сцена. Има големи квалитети во развојот на играчите и тимовите. Сè што слушнав за австриската репрезентација е многу, многу позитивно. Покрај тоа, имаме играчи кои работеле со него и кажуваат само пофални зборови“, изјави Хајнер.
Баерн Минхен синоќа одигра 2-2 на „Алијанц арена“ против Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Баварскиот гигант оваа сезона остана без ниеден трофеј во Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
