
Фудбалската Федерација на Македонија ги информираше сите клубови дека од 15 јануари, 2021 година започнува зимскиот преоден рок за фудбалери (мажи/жени) и ќе трае до 11 фeвруари.
„Ги информираме клубовите своите барања за сертификати за професионални и аматерски фудбалери да ги постават на ФИФА ТМС платформата и испратат информација до оддел за ТМС на ФФМ најкасно до 14 часот на 11 февруари, 2021 година за да има доволно време за обработка на барањата. За евентуални проблеми и помош во врска целиот процес, можете да се обратите по електронски пат на следните адреси на електронска пошта: Mario.gjurcinovski@ffm.com.mk и Nikolce.petrovski@ffm.com.mk. Сите барања кои ќе бидат доставени по 23.59 часот на 11 февруари, 2021 година ќе се сметаат за ненавремени и нема да може да се процесуираат“, информираат од ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
