Connect with us

Познати се сите осминафинални двојки од Светското клупско првенство

Светското клупско првенство стигна до нокаут-фазата, а од синоќа се познати сите парови за осминафиналето, откако беше комплетирана групната фаза.

Со натпреварите од третото коло во групата Х, официјално заврши групната фаза.

Реал Мадрид го совлада Салцбург со 3-0 со головите на Винисиус, Валверде и на Гарсија, додека Ал-Хилал славеше против Пачука со 2-0 благодарение на головите на Ал-Давшари и Маркос Леонардо.

Во осминафиналето на Светското клупско првенство ќе гледаме девет европски екипи, четири бразилски, по една од Саудиска Арабија, Мексико и САД.

Двојки за осминафиналето

Палмеирас – Ботафого (28 јуни)

Бенфика – Челси (28 јуни)

ПСЖ – Интер Мајами (29 јуни)

Фламенго – Баерн Минхен (29 јуни)

Интер – Флуминенсе (30 јуни)

Манчестер Сити – Ал-Хилал (1 јули)

Реал Мадрид – Јувентус (1 јули)

Борусија Дортмунд – Монтереј (2 јули)

Финалето на Светското клупско првенство е закажано за в недела, 13 јули, со почеток во 21 часот по средноевропско време.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови