Connect with us

Полуфинале за инфаркт: Ачерби израмни на вкупни 6-6, и ќе има продолженија (ВИДЕО)

Интер и Барселона играат епски полуфинален двобој во Лигата на шампионите. И по 180 минути, вкупниот резултат е 6-6, а Ачерби го спаси Интер од елиминација со гол во 93.минута.

Интер имаше водство од 2-0 на полувремето, со головите на Лаутаро Мартинез во 21.минута и на Хакан Чалханоглу од пенал во 45.минута.

Но, Барселона притисна силно во вториот дел. Ерик Гарсија намали, а Дани Олмо израмни на 2-2.

Рафиња во 87.минута погоди за целосен пресврт и 2-3, но и тоа не беше крај, затоа што Интер не се предаде.

Франческо Ачерби во последните мигови од судиското продолжение постигна гол за 3-3 и за уште фудбал на „Меаца“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови