
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска (14 часот) го пречекува Гибралтар на арената „Тодор Проески“ во квалификациите за ЕП, со надеж дека по подолг период ќе се врати на победничките патеки.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски се свесни дека ќе мораат да одиграат многу подобро на претстојните два меча на домашен терен, против Гибралтар и Шведска.
„Нѐ очекуваат два натпревари пред домашната публика кои се од големо значење за нас. Сакаме да се покажеме во добро светло пред нашите навивачи. Целта е јасна, а тоа е победа на двата меча. Првиот натпревар го играме против Гибралтар. Фаворити сме и тоа треба да го покажеме на теренот. Ќе дадеме сѐ од себе за да оствариме победа, со што би направиле чекор напред и добра увертира за Шведска“, изјави играчот за врска Матеј Ангелов.
По денешниот дуел со Гибралтар, младите фудбалери до 21 година пет дена подоцна ќе ги одмерат силите и со Шведска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
