Connect with us

По жесток судир, фудбалер на Евертон падна во несвест на теренот (ВИДЕО)

Евертон го победи Нотингем Форест со 2-0 во важен натпревар за опстанок во Премиер – лигата. Во средината на второто полувреме имаше застрашувачки момент кога напаѓачот на Евертон, Бето и играчот од средниот ред на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, се судрија со глави при воздушен дуел.


Португалецот Бето падна на тревникот, а фудбалерите на двата тима избезумено побараа лекарската служба што побрзо да влезе на теренот. Бето лежеше неподвижен на теренот и му се укажуваше помош долго време додека на носилки не беше изнесен од теренот и одведен во болница.

Додека останатите играчи се држеа за глава поради страшната повреда, Бето покажа палец од носилката и со тоа им ги олесни грижите на навивачите и соиграчите. По мечот преку официјални канали се огласи и Евертон кој рече дека Португалецот изгубил свест во моментот на судирот.

„Можеме да потврдиме дека Бето паднал во бессознание и превентивно е префрлен во болница“, објави Евертон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови