Селекторот на Полска, Михаел Пробиеж, поднесе оставка. Ова се случи неколку дена откако суперѕвездата на полскиот фудбал, Роберт Левандовски, објави дека се повлекува од репрезентацијата додека Пробиеж е на чело на тимот.
„Дојдов до заклучок дека во моменталната ситуација најдобро решение за доброто на националниот тим е мојата оставка од позицијата селектор. Вршењето на оваа функција беше исполнување на моите професионални соништа и најголемата чест во мојот живот“, се вели во официјалното соопштение на Пробиеж.
„Би сакал да им се заблагодарам на сите мои колеги, на вработените во Полската фудбалска федерација. Секогаш можев да сметам на вас. Му благодарам на претседателот и на управниот одбор на Полската фудбалска асоцијација за укажаната доверба. Секако, им благодарам и на сите фудбалери што имав чест да ги запознаам на мојот пат. Ќе навивам за сите вас, затоа што националниот тим е наше заедничко национално богатство. Би сакал да им се заблагодарам и на нашите прекрасни навивачи. Вие сте со нас и во добро и во лошо. Каде и да играше националниот тим, вашата поддршка секогаш се слушаше“, додаде поранешниот селектор на Полска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици













