Кристијано Роналдо се запиша меѓу стрелците, а Ал-Наср уште еднаш покажа дека има јасни шампионски амбиции со победа од 0-2 на гостувањето кај најголемиот конкурент за титулата во Саудиска Арабија, Ал-Итихад, со што се зацврсти на врвот на табелата како единствен лидер.
Португалската ѕвезда погоди во 35. минута и со тоа стигна до неверојатни 946 голови во својата кариера.
Главна фигура беше и Садио Мане. Сенегалецот го отвори резултатот уште во деветтата минута, а подоцна му асистираше на Роналдо за вториот гол. Со четири погодоци досега, Португалецот се наоѓа на второто место на листата на стрелци, еден зад својот соиграч Жоао Феликс.
И двата тима влегоа во дербито со максимални девет бода по првите три кола, што ја зголеми тежината и важноста на овој дуел.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













