Барселона доби негативни вести по победата со 1-3 над Овиедо во меч од Ла Лига. Каталонците останаа без двајца клучни фудбалери поради повреди – голманот Жоан Гарсија и бразилското крило Рафиња.
Офанзивецот беше принудно заменет на средината од второто полувреме против Овиедо поради повреда на задната ложа. Тој ќе биде надвор од терените до крајот на репрезентативната пауза во октомври.
Жоан Гарсија се повредил на денешниот тренинг на каталонците. Степенот на повредата сè уште не е познат, но се очекува и тој ќе биде надвор од игра во истиот временски период.
Во такви услови, на голот на Барселона ќе застане Војчех Шчешни, а негова алтернатива ќе биде младинецот Едер Алер.
Во меѓувреме, Ламин Јамал и Алехандро Балде денеска тренираа со првиот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













