Манчестер Сити го продолжи договорот на младата ѕвезда од средниот ред, Нико О’Рајли, соопшти премиерлигашот. Новиот договор со 20-годишниот фудбалер важи до летото 2030 година.
„Никогаш нема да го заборавам овој ден. Во Сити сум од осумгодишен и остварувањето на сонот да играм за првиот тим е неверојатно. Потпишувањето на нов договор е навистина нешто посебно“, изјави О’Рајли.
„Многу сум горд на себе, но исто така и на мајка ми. Таа многу жртвуваше за да стигнам до оваа позиција, па радоста е и нејзина, како и моја“, додаде младата ѕвезда.
„Искрено, ова е само почеток. Изминав долг пат, но сакам да продолжам напред, да се усовршувам секој ден и да станам подобар играч. Тука, во Сити, под водство на Пеп, знам дека можам да го постигнам тоа. Ова е најдоброто место за еден фудбалер“, истакна О’Рајли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Интер го прегази Сасуоло (ВИДЕО)
Интернационалци
Милан Ристовски стрелец за Бохемијанс во Чешка (ВИДЕО)
Интернационалци
Нов гол на Растодер, нов триумф за Тун
Евро-фудбал
Кенан Јилдиз потпиша за Јувентус до 2030 година
Евро-фудбал
Хојлунд од пенал донесе триумф за Наполи













