
Миралем Пјаниќ е исфрлен од репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Селекторот Ивајло Петев не сметаше на стандарден играч за врска за вечерашниот натпревар против Украина во квалификациите за Светското првенство. Пјаниќ е избркан поради недисциплина, објави НСБиХ.
Соопштението прво беше објавено на официјалната веб-страница на федерацијата, а потоа беше избришано. Од федерацијата додаваат дека на Пјаниќ му е жал што ја прекршил дисциплината и работната етика и дека целосно ја разбира одлуката на Петев.
„Не треба да се заборави фактот дека Пјаниќ одигра одлични партии во репрезентативниот дрес. Неговата постапка, без разлика колку не е прикладна за играч со такво реноме, треба да се сфати како последица на недоволно психолошко закрепнување од се она што му се случи во последната година од неговата кариера“, се вели во соопштението кое се појави, а потоа беше избришано од интернет страницата на федерацијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
