
Откако не настапи на натпреварот против Украина, Миралем Пјаниќ се огласи на социјалните мрежи и демантираше дека е исфрлен од репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Селекторот Ивајло Петев по натпреварот истакна дека неиграњето на искусниот играч од средниот ред е исход на нивен договор, а тоа сега го потврди и Пјаниќ.
„Сакам да ја демантирам лажната вест која вчера беше објавена во нашите медиуми, а се однесува на моето неиграње на синоќешниот натпревар. Единствената вистина е дека се е решено во договор со селекторот Петев“, објави Пјаниќ на социјалните мрежи.
Репрезентативецот на БиХ истакна и дека фотографијата која се појави дека пуши наргиле е стара.
Веста дека играчот од средниот ред на Бешикташ поради недисциплина е исфрлен од репрезентацијата на Босна и Херцеговина стигна и до сите европски медиуми… Меѓутоа, Пјаниќ сега сето тоа го демантираше.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
