Connect with us

Пиоли: Разочарани сме, но не се откажуваме

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, призна дека неговиот тим го загуби првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Интер поради лошиот почеток. „Црвено-црните“ до 11. минута примија два гола и не можеа да одговорат на предизвикот, но се оптимисти за реваншот на 16 мај.


„Факт е дека Интер играше подобро до паузата и постигна два гола. Доминиравме во вториот дел, но не постигнавме гол. Ова е фудбал на највисоко ниво. Противникот беше поефикасен, а ние премногу грешивме“, прокоментира Пиоли.


„До 7. минута Интер немаше влезено во нашиот шеснаесетник, но поведе со првиот корнер. Сигурно требаше да бидеме поконцентрирани. Се надевавме на поинаков резултат, но мора да продолжиме да веруваме, бидејќи една епизода може да промени сѐ на реваншот. Видов реакција во вториот дел и тоа треба да биде почетна точка за нас пред реваншот“, потенцира тренерот на „росонерите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови