Единаесеттото коло од ПМФЛ се отвора со дуелот меѓу Македонија ЃП и Башкими кој што се игра на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 13:30 часот.
Домаќините денеска пред себе имаат тим кој што сезонава покажа дека може добро да одигра без разлика дали настапува пред своите навивачи или на теренот на противникот.
„Башкими е квалитетен противник, но ние одиме чекор по чекор. Не се оптоваруваме премногу со противникот, многу повеќе сме фокусирани на она што ние ќе го одиграме. Македонија ЃП е екипа која не го менува стилот на игра. Сакаме да играме, да имаме посед, што од нас и се бара од тренерот Грнчаров. Имаме наш концепт на игра и знаеме што се бара од нас. Победата секако дека е единствена опција како и на секој меч. Македонија ЃП во оваа полусезона покажа дека може со секого, и дека не се плаши од никого. Грешките во играта ги поправаме во од и се обидуваме да ги сведеме на минимум. Имаме добар тим, квалитетни играчи и убеден сум дека со позитивна серија на мечеви без пораз, и доволно освоени бодови дека местото на табелата ќе ни биде уште повисоко“ – изјави Христијан Пецов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













