Connect with us

Перуанските фудбалери имаа инцидент со шпанската полиција (ВИДЕО)

Перуанските фудбалери се судрија со шпанската полиција, пренесува „ЕСПН“. Инцидентот се случил во хотел каде фудбалските симпатизери сакале да се доближат до репрезентацијата на јужноамериканската земја. До ескалација на тензијата дојде откако шпански полицаец турна еден од фудбалерите.


Селекцијата на Перу е во Мадрид каде ќе одигра пријателски натпревар против четвртопласираната селекција на СП 2022, Мароко.

Перу претходно имаше контролен меч против претстојниот домаќин на ЕВРО 2024, селекцијата на Германија и загуби со 0-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови