Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, и понатаму е најплатен меѓу своите колеги во Премиер – лигата. Според информациите на „Сан“, кој ги објави платите на повеќето тренери од англиската елура, Шпанецот заработува двојно повеќе од вториот на оваа листа, кој е негов сонародник и пријател Микел Артета. Менаџерот на Арсенал, кој вчера потпиша нов тригодишен договор со клубот, според кој ќе добива 10 милиони фунти по сезона. Гвардиола е далеку пред него со 20 милиони фунти.
Трет на листата е уште еден Шпанец, менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери. Тој го престигна Ерик тен Хаг, поради фактот што платата на Холанѓанецот автоматски беше намалена за 25% оваа сезона, бидејќи Манчестер Јунајтед не успеа да обезбеди учество во Лигата на шампионите. Така, од 9 милиони фунти, платата на Ерик тен Хаг падна на 6.75 милиони.
На петто место е новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот. Наследникот на Јирген Клоп моментално добива 6.2 милиони фунти по сезона.
Интересно е што новиот менаџер на Челси, Енцо Мареска, добива помалку од Томас Франк (Брентфорд) и Оливер Гласнер (Кристал Палас). Италијанецот се согласил да го води лондонскиот клуб за 4.2 милиони фунти по сезона.
Најниската плата ја има Андони Ираола, кој заработува само еден милион фунти како тренер на Борнмут.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













