Connect with us

Паредес не сака да го напушти Париз

Играчот од средниот ред на ПСЖ, Леандро Паредес, најави дека ќе остане во клубот. Договорот на играчот од средниот ред со францускиот шампион истекува во јуни 2023 година, а тој не сака да замине пред неговиот истек.


„Останувам во Пари Сен Жермен ова лето. Сега не е време да го напуштам клубот и да се приклучам на Бока Јуниорс“, изјави Паредес за Радио Ла Ред во Аргентина.

Вчера својата намера да остане на „Паркот на принцовите“ ја објави и сонародникот на Паредес, напаѓачот Мауро Икарди.

Од друга страна, раководството на ПСЖ бара начин како да се ослободи од дел од фудбалерите кои се под договор со клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови