
Горан Пандев, легендата на македонскиот фудбал, беше именуван за нов спортски директор на националните селекции во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), што денеска официјално доведе до негово повлекување од функцијата претседател на АП Брера Струмица. Овој чекор е преземен за да се избегне судир на интереси и да се обезбеди целосна посветеност на новата улога во ФФМ.
Пандев, кој е основач на ФК Академија Пандев, во изминатите години активно работеше на развојот на клубот. Со преземањето на клубот од Брера Холдинг, тој беше поставен како претседател за да го издигне нивото на професионализам и организација.
По именувањето на новата функција, Пандев изјави дека развојот на македонскиот фудбал е негов приоритет. Тој истакна дека новото раководство на ФФМ треба да вложи во континуиран прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал, при што додаде:
„Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во континуитет. Имаме потенцијал, само ни треба професионален пристап.“
Овој потег на Пандев е поздравен од спортската јавност, која очекува позитивни промени во македонскиот фудбал под негово водство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
