Горан Пандев вчера против Холандија го одигра последниот меч во дресот на Македонија, а и Игор Ангеловски се „одјави“ со последна прес – конференција истакнувајќи дека договорот му истекува на крајот на јули.
Горан Пандев по доаѓањето во Скопје истакна дека Ангеловски треба да го одработи до крајот циклусот за СП 2022. Но, кај нас работите функционирале поинаку.
„Според мене, Ангеловски мора да остане до крајот на овој циклус квалификации за СП 2022. Но, сите знаеме како функционираат работите кај нас, па тој ќе мора да си замине. Јас не сум тој што решава кој треба да биде селектор на Македонија“, изјави Горан Пандев.
Тој напомена и дека нема договор со Џенова и сега ќе замине на одмор со семејството, а потоа ќе размислува за иднината. Не сака да биде тренер можеби спортски директор или пак фудбалски менаџер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













