Connect with us

„Осумка“ на Баерн, хет-трик на Кејн и гол од половина терен (ВИДЕО)

Баерн Минхен за едно полувреме му даде осум гола на Дармштат (8-0) откако по првиот дел немаше голови. Хари Кејн постигна хет – трик, а еден гол беше посебен, го постигна од својата половина на теренот.

Чуден меч беше овој на „Алијанц арена“, Кимих доби црвен картон во четвртата минута, но до крајот на првиот дел Дармштат остана со двајца фудбалери помалку откако „поцрвенеа“ и Ѓасула и Маглица.

Кејн даде три гола, Лирој Сане додаде два, исто како и Џамал Мусијала, а стрелаше и Томас Милер.

Аугсбург го победи Волфсбург со 3-2, Борусија Менхенгладбах славеше против Хајденхајм со 2-1, а Вердер триумфираше со 2-0 против Унион Берлин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови