Connect with us

Општина Битола дала ветување дека ќе го извлече Пелистер од бездната

Македонскиот прволигаш Пелистер нема да го ризикува прволигашкиот живот. Општина Битола денеска дала ветување дека ќе го подмири долгот на клубот и ќе ја одблокира сметката, а потоа и ќе бидат регистрирани доволен фонд фудбалери за тимот „под Тумбе кафе“ да остане во елитата.

Се работи за околу 20.000 евра и би било трагично доколку за една ваква мала сума Пелистер не успее да се извлече од лошата ситуација. До четврток треба да бидат регистрирани 12 фудбалери со професионални договори, а во моментот клубот има само пет професионалци.

Веќе подолг период Пелистер е во трансформација, Пеце Стојчевски бара сериозен инвеститор на кого би го продал мнозинскиот пакет акции во клубот. Имаше најави дека тоа ќе биде британски конзорциум, барањето се разгледуваше и во Советот на општина Битола, но на крајот е констатирано дека ќе мора акциите да бидат продадени на берза.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови