
Масар Омерагиќ е официјално избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија, а во своето прво обраќање до јавноста најави воведување на системот ВАР во Македонија од следната сезона и потврди дека Благоја Милевски ќе остане на позицијата селектор на репрезентацијата.
„ВАР ќе биде имплементиран од следната сезона, односно од август наредната година. Ќе ни требаат четири до пет месеци за да ги обучиме судиите и да ја инсталираме целата потребна опрема, вклучувајќи камери“, изјави Омерагиќ.
Тој најави и реформи во младинските селекции, како и напор за одржување на континуитетот на добрите резултати во сениорската репрезентација.
„Свесни сме дека мораме да работиме понапорно за да постигнеме резултати. Историскиот успех и пласманот на Европското првенство, како и победата над Италија, треба да ги надградиме и да покажеме континуитет. Во моментов, најважно е најдобрите играчи да настапуваат за Македонија. Суетите треба да се остават настрана кога станува збор за националниот тим, а секој кој има квалитет и желба да игра за репрезентацијата треба да го даде својот придонес. Ќе се направи комплетна реконструкција на младинските селекции, каде што работите не се во добра состојба. Се надеваме дека пласманот на ЕП ќе донесе нови таленти, бидејќи моментално имаме лоши резултати. Планираме реформа која ќе треба да даде резултати во рок од две години. Младинските селекции треба да бидат база за играчи до 21 година, од каде што ќе извлекуваме таленти за сениорската репрезентација. Нема да правиме нефудбалски потези. Бевме први во групата, иако имавме тешка криза во одредени периоди. Квалификациите за СП започнуваат во март и за сите важи истото – резултатите се најважни. Тоа важи и за селекторот на сениорската репрезентација“, изјави новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski