Бразилската ѕвезда Нејмар би можел повторно да се врати во Европа ова лето, откако повторно се појавија шпекулации околу неговото заминување од Сантош.
Некогаш еден од најдобрите фудбалери во светот, Нејмар доживеа драматичен пад во својата кариера. Сѐ започна во летото 2023 година кога реши да го напушти Пари Сен Жермен и да се пресели во Саудиска Арабија, потпишувајќи за Ал-Хилал. Но, по само неколку настапи доживеа тешка повреда, кинење на лигаменти на коленото, по што беше надвор од терените речиси една година.
По краткиот и неуспешен престој во Ал-Хилал, почетокот на оваа година го донесе неговото враќање во татковината и во клубот каде што започна сѐ – Сантош. Таму покажа дека сè уште ја поседува својата магија, прикажувајќи неколку одлични настапи и потсетувајќи на старите добри времиња.
🚨 NEYMAR JR À L’OLYMPIQUE DE MARSEILLE ?! ⚪️🔵
— Foot Flash (@FootFlashActuFR) July 25, 2025
Le club phocéen tenterait de faire revenir l’attaquant brésilien (ex-Parisien) en Europe… et chez le grand rival du PSG ! 🤯💣
(via @livesfoot) pic.twitter.com/jthZg4TNzF
Добрата форма на Нејмар не помина незабележано. Според медиумите, 33-годишниот фудбалер повторно е на радарот на европските клубови. Иако се понудил на Барселона, од каталонскиот клуб му било јасно ставено до знаење дека во моментот не се заинтересирани за негово враќање.
Сепак, вчера се појави нова информација, Нејмар има конкретна понуда од Европа која сериозно ја разгледува. Се наведува дека контактите веќе се воспоставени, а клубот што покажал интерес е Олимпик Марсеј.
Францускиот прволигаш е подготвен да му даде нова шанса на Нејмар, убеден дека неговото доаѓање би предизвикало вистинска еуфорија меѓу навивачите на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













